Израел со трета доза вакцина за возрасните со слаб имунитет

by Fokus

Дополнителна доза на вакцина против ковид-19 од производителот „Фајзер“ ќе им биде понудена на возрасните лица во Израел кои имаат слаб имунитет.

Израелски здравствени функционери соопштија дека сè уште се проценува дали и на припадниците на пошироката популација треба да им се понуди да примат трета доза од оваа вакцина.

Израелскиот министер за здравство Ницан Хоровиц изјави дека веднаш стапува во сила одлуката возрасните чиј имунолошки систем е загрозен и кои примиле две дози вакцина „Фајзер“ да можат да добијат дополнителна доза од вакцината, додека се чека одлука за поширока дистрибуција.

-Го испитуваме ова прашање и сè уште немаме конечен одговор дали ќе треба дополнителна доза кај пошироката популација, изјави Хоровиц за Радио Кан.

Што се однесува до луѓето со послаб имунолошки систем, на кои ќе им биде понудена дополнителна доза вакцина, Хоровиц рече дека станува збор за луѓе кои имаат трансплантиран орган или страдаат од медицинска состојба што предизвикува пад на имунитетот.

 

Поврзани новости