Израел планира ограничувања поради Koвид-19

by Fokus

Израелскиот таканаречен „Кабинет за коронавирусот“ денеска ќе се состане за да разгледа повторно воведување ограничувања за да се спречи ширењето на вирусот.

Најавено е дека ќе се разговара за ограничување на собирање и повторно воведување на систем за одвојување на вакцинираните од невакцинираните и ограничување на бројот на деца кои можат да бидат заедно во затворен простор.

Како што беше објавено во неделата бил поставен е нов тримесечен рекорд, 343 нови случаи на коронавирус. Бројот на сериозни случаи исто така се зголеми за скоро 50 проценти од минатата недела.

Поради ширењето на коронавирусот во Израел, ефикасноста на вакцините против инфекцијата значително опадна и сега изнесува 64 проценти, додека претходно таа беше 94 проценти, според објавените податоци од израелското Министерство за здравство.

Намалената ефикасност на вакцината е забележана од 6 јуни, пет дена откако беа укинати скоро сите ограничувања против ковид-19 во таа земја. Израелскиот весник Харек објави дека 90 проценти од новозаболените лица биле заразени со делта сојот во последните две недели. Првите седум случаи на делта во Израел беа регистрирани во средината на април.

 

Поврзани новости