Израел ја рекетираше Сирија поради нападите од нејзина територија

by Fokus

Израелски авиони денеска погодија сириски воени цели како одговор на ракетите лансирани кон израелска контролирана територија во текот на ноќта, соопшти израелската војска, додека насилството повторно се разгоре по прекуграничната размена на оган во текот на неделата.

Државните медиуми во Сирија објавија дека има експлозии во околината на главниот град Дамаск, а Израел соопшти дека ја гаѓа сириската територија откако во текот на ноќта биле истрелани шест ракети кон Голанската висорамнина. Израел рече дека одговара со артилериски и беспилотни напади проследени со воздушни напади врз комплекс на сириската армија, воени радарски системи и артилериски пунктови.

Израелската војска „ја смета државата Сирија одговорна за сите активности што се случуваат на нејзина територија и нема да дозволи какви било обиди за нарушување на израелскиот суверенитет“, се вели во соопштението на израелските одбранбени сили.

Поврзани новости