Татко и неговата 11-годишна ќерка загинаа во руски ракетен напад

by Fokus

Украинските власти информираат дека 50-годишен маж и неговата 11-годишна ќерка загинале во ракетниот напад утринава врз станбена зграда во Запорожје.

Украинската државна служба за итни случаи соопшти дека руските сили рано утринава удриле во зграда во град во југоисточна Украина.

Од урнатините е извлечена и 46-годишна жена, опишана како сопруга и мајка на жртвите, соопшти службата за итна помош.

Анатолиј Куртев, секретар на градскиот совет, рече дека два проектили уништиле една зграда и оштетиле десетици други во нападот во текот на ноќта.

 

Поврзани новости