392
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните три дена (од 20 мај до 22 мај) направени се 2.780 тестови, а регистрирани се 151 нов случај со КОВИД-19 и 184 оздравени пациенти.
Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, во истиот период нема пријавени починати лица, соопшти Министерството за здравство. Од вкупниот број на позитивни (151), регистрирани се 17 реинфекции.
Досега во земјата се направени вкупно 2.046.474 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 311.350, бројот на оздравени пациенти е 301.545, на починатие 9.297, а на активни случаи изнесува 508.