Деновиве нестабилно време, УХМР со важна препорака

by Fokus 14:59
14:59

Времето во следните денови, претежно попладне, ќе биде нестабилно, со пороен дожд и грмежи. Локално, процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град, но нестабилноста повремено ќе се појавува и во вечерните часови, информира УХМР.

Се препорачува поголема внимателност во случај на грмежи – да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Во овој период, како што наведува УХМР, дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината и времето ќе биде многу топло.

Поврзани новости