Изминаа 3.000 денови како се гради автопатот Кичево-Охрид

by Фокус

Заминаа 3.000 денови како „се гради” автопатот од Кичево кон Охрид, а министерот за транспорт и врски никаде го нема, напиша на својот фејсбук профил Синиша Ивановски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Верувале или не, изминаа над 3000 денови како „се гради” автопатот од Кичево кон Охрид. 57 км долгиот автопат кога ќе го поделиме со 3000 денови би значело дека онаа машинерија од 600 машини (за која што лажат дека е на терен, нема ни 60) до сега да градела само по 19 метра на ден, автопатот ќе беше готов. А тие заглавени на некои си 65 отсто од вкупната реализација откако во 2017-та наследила 50 отсто прогрес“, напиша тој.

Ивановски посочи дека единствено цената на чинење ја зголемија за 200 мил евра, а биле потпишани анекси за продолжување на рокот на завршување на автопатот кој пред тоа сами си го зададоа и пробија.

Поврзани новости