На денешната седница на Собранието на Македонија, закажана за во 12 часот, единствена точка на дневниот ред е расправата за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за азил и привремена заштита, по скратена постапка.
Новите измени предвидуваат мигрантите кои ќе ја поминат границата за 72 часа или да ја напуштат Македонија или да побараат азил од првиот полицаец што што ќе го сретнат, а за време на нивниот престој ќе имаат право да користат јавен превоз.
Според МВР, од почетокот на годинава, досега, околу 30 мигранти, главно од Сирија и Авганистан, ги загубиле животите во несреќи на македонските пруги. Народниот правобранител, пак, жестоко реагираше на условите во Центарот за странци во Гази Баба, во кој престојуваат околу 500 мигранти, а има капацитет од 100 до 120.