Денеска ќе бидат доделени наградите за истражувачка сторија од областа на азилот

by Фокус

Во пресрет на Меѓународниот ден на бегалците, 20 јуни, денеска во 17 часот во ресторанот „Лира“, ќе бидат доделени наградите на добитниците на Јавниот повик за доделување на награда за истражувачко новинарсто во областа на азилот и мешаните миграциски движења за 2014 година во Македонија, од македонското Здружение на Млади Правници (МЗМП), поддржано од Високиот Комесаријат за Бегалци при ОН (УНХЦР), и во соработка со Здружението на новинари на Македонија.

Во конкуренција од 21 сторија, добитници на наградите за најдобра истражувачка сторија во областа на азилот и мешаните миграциски движења за 2014 година се:

Првата награда ја доби новинарот Игор К. Илиевски,за текстот „По 4.000 километри, чевлите на Ајуп останаа на пругата пред Велес“; втората награда му припадна на Горан Величковски –Зевзек, со видео записот кој бил објавен на Канал 5, а третонаграден е тимот кој работи на емисијата „360 степени“, со видео запис објавен на Алсат М ТВ и Саше Димовски, со „Мигранти: Невидливи на премините, видливи на пругите на кои оставаат живот“.

На настанот ќе биде промовиран и Прирачникот за новинари кои известуваат за прашања поврзани со азилот и миграциите, „Информирај правилно – информацијата создава слика“.

Поврзани новости