Измените на КЗ го спасија и поранешниот член на Судски Зоран Теофиловски – му се судело речиси две години

by fokus

Измените на Кривичниот законик го спасија и поранешниот член на Судскиот совет, Зоран Теофиловски за кого денеска судијата во Кривичниот суд и официјално констатираше апсолутна застареност на кривичното гонење.

-Јавното обвинителство предложи судот да донесе решение за запирање на кривичната постапка поради измените на Кривичниот законик. Судот донесе решение со кое ја запре постапката поради настапување на апсолутна застареност на кривичното гонење, соопштија од Коалицијата „Сите за правично судење“ во редовниот судски мониторинг.

Од мониторингот на Коалицијата може да се забележи дека на Теофиловски му се судело речиси две години и рочиштата постојано се одложувале, поради истек на рокот од 90 дена, поради отсуство на бранител, поради отсуство на обвинет, поради отсуство на јавен обвинител, поради отсуство на член на судечкиот совет итн…

Теофиловски беше обвинет за кривичното дело злоупотреба на службената положба став пет, став кој беше целосно избришан со измените на Кривичниот законик. Со овие измени кои власта експресно ги донесе и ги изгласа, казните за ова кривично дело се ограничени на пет години затвор, па застареноста настапува за десет години од сторувањето на делото.

Мијалков, Јанкулоска и Јанакиески за неколку години ќе бидат слободни граѓани – Груевски блиску до „чистилиштето“!

Теофилоски се товареше дека како одговорно лице – Претседател на Тениско спортско здружение Љуботен Тетово и Цветко Наумовски како одговорно лице – Управител во правното лице Друштво за спортски активности Тениски Клуб Љуботен ДОО Тетово, со умисла ги поттикнале обвинетите Ајдин Нуредини како лице кое врши работи од јавен интерес и службените лица Џемал Абди, Имран Куртиши, Кренар Ибрахими и Идриз Реџепи со искористување и неизвршување на нивната службена положба и овластување, со умисла да прибават значителна имотна корист за правното лице Друштво за спортски активности Тениски Клуб Љуботен ДОО Тетово, а на штета на средствата на државата – сопственост на градежно земјиште, во вредност од 22.050.000 денари.

Обвинение за Зоран Теофиловски, член на Судскиот совет

Во 2020 година, Обвинителството бараше притвор за Теофиловски за овој случај, но Судскиот совет му го одзеде имунитетот, a не го одобри барањето на Обвинителството да му биде одреден притвор.

Теофиловски е зет за сестра на поранешната претседателка на Судскиот совет, Александра Зафировска чиј глас се слушаше во „бомбите“ што ги објави опозицијата, а се најде и во посебен извештај на сега веќе згаснатото СЈО. Во тој извештај пишуваше дека Зафировска ширум ја отворила вратата за политички влијанија и ѝ овозможила на тогашната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ целосно да ги контролира институциите на судскиот систем.

Членот на Судскиот совет, Теофиловски: Обвинението против мене е монтирано

Додека се водеше судскиот процес Теофиловски продолжи да си членува во Судскиот совет, се до неговото пензионирање.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости