523
Во рамки на 51-та седница која Собранието ќе ја одржи денеска треба да се гласа за Предлог законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, во прво читање.
Измените се носат поради потребата за усогласување на одредбите од законикот со меѓународните стандарди во одредени области и праксата на Европскиот суд за човекови права, како и отстранување на лоцираните слабости од праксата.
Собранието денеска ќе го одржи и продолжението на 71-та седница. На оваа седница треба да се разгледаат повеќе точки меѓу кои и годишните извештаи за работата на Народниот правобранител, на Судскиот совет и на Државната комисија за спречување на корупцијата, трите за 2021 година.