Претседателот на Комисијата за европски прашања при македонското Собрание, Артан Груби информира дека ја закажа 21-вата седница на Комисијата за европски прашања за денеска со почеток во 17:30 часот во Сала Борис Трајковски.
Единствена точка на дневениот ред е Предлог законо за изменување на Изборниот законик, по скратена постапка, соопштија од собраниската Комисија.
Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, врз основа на член 117, став 1 од Деловникот на Собранието на РМ, на вчерашната собраниска седница ги задолжи Комисијата за европски прашања, како што рече, како матично работно тело, и Законодавно правната комисија, да расправаат за законот.
Со измените на Изброниот законик, на кои се противи опозициската ВМРО-ДПМНЕ, се предлага ДИК да се бира со 61 пратеник, наместо со двотретинско мнозинство и Комисијата за прашања на изборите и именувањата да не го гледа предлог-законот. Формирањето на ДИК е тема на разговорите и на лидерската средба што треба да продолжи во недела или понеделник.