Измамници нудат евтини огревни дрва на пензионери, земаат капар и ги снемува!

by fokus

СВР Велес упатува апел до граѓаните, особено до повозрасните лица, да бидат претпазливи во комуникација со непознати лица, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги, во овој период претежно дрва за огрев, да ги проверуваат податоците пред да станат жртва на измамата, да не даваат пари на измамниците и сите сомнителни случаи да ги пријавуваат во полиција.

Овој апел од полицијата доаѓа откако периодов зачестија измами, најчесто за евтини дрва за огрев, како и веќе од поодамна актуелната измама, кога на повозрасни лица им се бараат пари за наводна сообраќајна несреќа на нивни блиски.

Кога се во прашање измамите со понуда на евтино огревно дрво, вчера во СВР Велес 70-годишен велешанец пријавил дека на 12.03.2023 бил измамен од едно лице за сума од 5.000 денари.

Според пријавеното, лицето му понудило огревни дрва по цена од 3.500 денари за кубен метар и му побарало капар од 5.000 денари, кои тој му ги дал, а дрвата се уште не му биле донесени.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и повторно апелираат до граѓаните да внимаваат кога даваат пари на непознати лица за наводни услуги.

Вики Клинчарова

Поврзани новости