Измамник и ја дрпнал пензијата од раце на 87-годишна баба

by fokus

87-годишна скопјанка пријавила дека била измамена со тоа што и бил украдени 30.000 денари. Настанот се случил на улицата „Народен Фронт“ во Скопје, вчера околу 11.00 часот.

Измамата сторителот ја извршил на тој начин што откако оштетената ја извадила пензијата од банка, во еден момент била сопрена од  страна на лицето кое на вратот носело некаков беџ, при што истото ја довело во заблуда дека било вработено во банката од каде ги извадила парите, односно дека треба да ги провери парите бидејќи наводно биле фалсификат. Оштетената ги извадила парите од ташната и му ги дала, а во еден момент непознатото лице со трчање избегало од местото на настанот.

Поврзани новости