На 27.10.2020 година, во 13часот, ТРИ ДЕ дизајн медиа , организираше и спроведе настан за промоција на публикацијата/монографија, проследен со изложба на Дејан Иванов-Маргуш во Дом на Армијата на Р.С.Македонија, согласно протоколите за COVID 19.
Овој проект, насловен „Експериментално издание на публикација – монографија“ е одобрен и финансиран од Министерството за култура на Р.С.Македонија, како проект од национален интерес за 2020 година. Целта на овој автономен истражувачки интердисциплинарен дизајнерски проект, е да овозможи афирмација на уметници од Р.С.Македонија, така што секоја година ќе истражува, колектира податоци од творештвото и публикува, на по еден автор кој направил импакт во културните текови во нашето општество.
Истражувачките монографии на уметниците имаат за цел ефективно и иновативно да го зберат опусот на дејствување и создаваштво на уметниците и да ги афирмираат и етаблираат како современа културна вредност. Овој проект е осмислен да биде долгогодишна дизјанерско креативна дејност која ќе се повторува секоја година за различен уметник. Постоењето на ваков афирмативен проект, ќе овозможи промоција на наши уметници и нивно претставување пред јавноста но и ќе биде дел од културното наследство на земјата.
Промовирајќи ја работата на културно уметничките работници, ја промовираме културата, духот и живеењето на земјата.