Се уште не е познато дали некој од функционерите ќе оди во изолација поради контакт со Спасовски

by fokus

До овој момент во Владата се уште нема пристигнато информации од Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје дали некој од контактите на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој е позитивен на Ковид-19, добиле решенија за домашна изолација.

Портпаролот на Владата, Душко Арсовски, одговарајќи на прес-конференцијата рече дека информациите се очекуваат во текот на денот.

Министерот Спасовски пред два дена објави дека е заразен со корона вирусот, по што следуваа епидемиолошки анкети на лицата со кои бил во контакт. Премиерот Зоран Заев вчера објави дека тој се тестирал и е негативен.

Поврзани новости