Изложба „Авторефлексија низ игра“ на Дарко Аницин во Штип

by fokus

Во четврток, во 12 часот во Дом на млади – Штип ќе се одржи изложба „Авторефлексија низ игра“ на Дарко Аницин.

Аницин е академски графичар и графички дизајнер кој своето образование го има стекнато во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски”, потоа на факултетот за ликовни уметности, при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” Скопје.

Својата креативност ја изразува најчесто, над 15 години, преку ангажмани во областа на графичкиот дизајн, по што е и најпрепознатлив пред широката јавност. Создава графики, цртежи и слики од самите почетоци на своето образование до денес.

Тој има современ, специфичен стил на творење, со истакнати и рафинирани визуелни поентирања, што од прва рака говори за графичарски манир на прецизност, чиста и јасна мисла и длабок квалитет на академски уметнички израз.

Дарко Аницин е роден 1977 година во Скопје.

Поврзани новости