Сообраќајот на патните правци Скопје – Велес и Велес – Скопје е во прекин за сите видови на возила, поради излизгани и попречени возила. Граѓаните што во моментот патуваат кон Велес и Скопје се револтирани, бидејќи пред да тргнат на пат добиле известување од надлежните служби дека патиштата се чисти и продни. Но, наместо да стигнат на посакуваната дестинација, тие се заглавени по патиштата.
Од 19:30 часот на патните правци Кавадарци – Неготино и Охрид – Ресен кај превој Буково поради превртени тешки моторни возила, сообраќајот е во целосен прекин.
Поради врнежи од снег, забрани за движење на тешки товарни возила има на патните правци: крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека и на патниот правец Крива Паланка – г. п. Деве Баир.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, а во западниот и северниот дел од државата, наместа со остато од снег по интервенција на екипите на Македонијапат.
Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.