Излезноста на прегласувањето за Парламентарните избори до 11 часот е 16,46%

by Fokus

До 11 чaсот, од вкупно запишани 4.514 гласачи на седумте избирачките места каде се врши прегласување за Парламентарните избори 2024, гласале 743, односно 16.46% .

Во ИМ 2101 во Желино гласале 205 гласачи односно 20.64%.
Во ИМ 1194 во Крушево, гласале 87 гласачи односно 18.55 %.
Во ИМ 1202 во Крушево, гласале 35 гласачи односно 11.74 %.
Во ИМ 1272 во Охрид, гласале 156 гласачи односно 21.94 %.
Во ИМ 1470 во Долнени, гласале 83 гласачи односно 12.61 %.
Во ИМ 1470/1 во Долнени, гласале 31 гласач односно 4.91%.
Во ИМ 1844 во Струга, гласале 146 гласачи односно 19.39 %.

Во споредба со гласањето на 8 мај 2024, до 11 часот, на ова прегласување се забележува зголемена излезеност за 5.35% на овие избирачки места.

До Државната изборна комисија се пристигнати два приговори за заштита на личното избирачко право за ИМ 1470 во Долнени.

 

Поврзани новости