Прегазена е 75-годишна велешанка

by Fokus

МВР информира дека вчера околу 17.05 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул. „Димитар Влахов“ во Велес, патничко возило „фолксваген кеди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Е.К.(47) од Горно Оризари, велешко, удрило во пешакот М.Е.(75) од Велес.

Во несреќата М.Е. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.

Поврзани новости