Излевање на вода на патот Маврово-Галичник

by fokus

Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) известува дека поради излевање на вода отежнато се одвива сообраќајот на патот Маврово-Галичник, 100 метри пред Царева Чешма. Поставена била соодветна сигнализација и предупредуваат тој пат да не се користи до санирање и нормализирање на сообраќајот.

Од АМСМ информираат дека се уште се на терен екипи за санирање на поплавата на подвозникот кај клучката Матка во близина на бензиската станица „Бис Оил“. При поплавувањето настанал и дефект на водоводната мрежа на ЈП „Водовод и канализација“, а биле заглавени и четири возила.

Сообраќајот на државните патишта низ Македонија се одвива по влажни коловзи, а намалена видливост поради магла има кај Страцин и Плетвар.

Поврзани новости