462
Три лица се тешко повредени откако со возило марка „југо“ излетале од патот во општина Могила. Од полицијата информираат дека југото било без регистрација.
„На 13.03.2023 во 22.40 часот во СВР Битола било пријавено дека на локалниот пат во с.Беранци, општина Могила, патничко возило „југо“ без регистарски таблички, управувано од Т.Т.(29) од с.Беранци, излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и уште двајца сопатници, Д.Т.(32) и С.Т.(21) од с.Беранци, констатирани во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола“, соопштија од МВР.