Излетал со автомобил од магистрален пат и паднал во канал за атмосферска вода

by fokus

62 годишен скопјанец доживеал сообраќајна незгода на магистралнот пат Велес – Штип, откако со неговиот автомобил излетал од патот и паднал во канал за атмосферска вода, пренесуваат од МВР.

„На  06.08.2018 година во 07.30 часот на магистралниот пат Велес – Штип, кај с.Каратманово, товарно возило „Мазда“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Н. (62) од Скопје, излетало надвор од коловозот и паднало во канал за атмосферска вода. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Н. , кој бил пренесен во Клиничката болница во Штип. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Свети Николе“, додаваат од Министерството за внатрешни работи.

Поврзани новости