Никола Милев од Радовиш, момче на возраст од 27 години, од вчера е пријавен за исчезнат. Како што појаснуваат од СВР Струмица за ,,Фокус”, тој бил на гости кај неговата сестра која живее во Струмица. Излегол од нејзиниот дом, по што му се изгубил траг, а неговата сестра го пријавила случајот во полиција.
Неговата фотографија веќе се споделува на социјалните мрежи. Појаснето е дека бил облечен во темни фармерки, црно-бела блуза и зимско темно палто. Се апелира до сите кои имаат било каква информација за момчето, да ја известат полицијата.
Од СВР Струмица велат дека наредниот период ќе имаат повеќе детали, односно немаа одговор на прашањата дали момчето кај себе имало мобилен телефон или пак пасош, и дали евентуално и во минатото имало слични случки.
Вики Клинчарова