Излегоа нови „бомбите“ на Ел Чека за Ахмети и Груби

by Fokus

Во новообјавените прислушувани раговори од Ел Чека на Фејсбук, наводно се слуша гласот на лидерот на ДУИ Али Ахмети и на Артан Груби. Двајцата се координираат за вести што се емитуваат на ТВМ2, што не му се допаѓаат на Ахмети.

Груби вели дека му се јавил на уредникот на вести за да го објасни случајот и изразува сомневање дека некој друг пред него ја објавил веста.

Шефот на ДУИ и неговите соработници и во другите „бомби” на „Ел Чека”, се слушаат со коментари за работата на медиумите со навреди и етикети за уредниците и сопствениците на медиумите на албански.

Поврзани новости