Изјавите на Мицкоски за Нирнбершките процеси се неприфатливи, реагираат од германската Амбасада

by fokus

Споредбата на постапките на правосудните служби на Северна Македонија со Нирнбершките процеси е несоодветна, смета Амбасадата на СР Германија во Скопје.

Во својата писмена реакција на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во која судењето за случајот „27 април“ го спореди со Нирнбешките процеси, амбасадата наведува дека „со тоа се минимизираат делата на наци-злосторниците“.

-Одговорните лица во Северна Македонија треба да придонесат за надминување на
поделбата на општеството и да водат конструктивен дијалог за иднината на земјата во правец на евроатлантските интеграции. Освен тоа, самите изјави за Нирнбершките процеси се целосно неприфатливи, се наведува во писмената реакција на германската Амбасада.

Амбасадата на САД во Северна Македонија вчера реагираше на, како што оцени,  потпалувачките изјави на политички лидери што предизвикуваат страв и поделби, особено кога некоректно за политички цели се користат историски настани како што е Нирнбершките процеси.

Поврзани новости