Изгубила контрола над возилото и удрила во бетонски ѕид

by fokus

55-годишна жителка на Бајрамовци удрила во бетонски заштитен ѕид откако изгубила контрола над возилото. Од ударот, со тешки телесни повреди се здобила нејзината сопатничка, пренесува МВР.

„На регионалниот пат Маврови Анови – Дебар, во непосредна близина на Ростушки мост, утринава во 4:30 часотпатничко моторно возило „БМВ“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Љ.А.(55) од село Бајрамовци, Центар Жупа, изгубило контрола и удрило во бетонски заштитен sид. Од ударот со тешки телесни повреди се здобила сопатничка во возилото, Д.М. од Скудриње. По укажаната лекарска помош во Здравствениот дом Ростуше и во болницата во Дебар, таа била пренесена во болница „Свети Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид на местото на настанот.“

Поврзани новости