Изградба и обнова на основни училишта со 328 милиони денари, за средните 19,7 милиони

by fokus

Владата вечерва на седница ги усвои програмите за изградба и реконструкција на основни и за средни училишта за 2021 година, на предлог на Министерството за образование и наука.

За Програмата која се однесува на основните училишта се планираат средства за реализација во вкупен износ од 328.080.000 денари кои меѓу другото се однесуваат и на изградба на нови училишта во селата Батинци, Мала Речица, населба Визбегово, село Долно Блаце, Општина Чаир-Скопје, како и реконструкција и доградба и надградба на постојни училишни објекти, со техничка и подготвителна документација.

Во однос на Програмата за изградба и реконструкција на средни училишта за 2021 година се планирани средства за реализација во вкупен износ од 19.700.000 денари, кои се распределуваат за реконструкција, доградба и подготовка на стручна документација за повеќе средни училишта во Тетово, Прилеп, Свети Николе, Штип.

Поврзани новости