660
Извршниот директор на Националната асоцијација на автобуски превозници во Бугарија, Ивајло Константинов вели дека изгорениот авботус бил постар од три години.
„Неговиот модел е најмногу од 2005-2008 година. Доколку сопственикот тврди дека има 3 години, можно е да постои таква практика кај македонските компании да се рециклираат стари автобуси во Турција, заменувајќи ги сите расипани делови со нови. Ова ја компромитира фабричката изолација која не гори лесно.Не се знае од какви материјали е изработена оваа изолација. Не е точно ако некој тврди дека автобусот е стар три години“, рече Константинов.