619
Две камп приколки и еден помошен објект на езерото Треска денеска се опожарени, информираа од МВР.
Според информациите во полицискиот билтен, денеска околу 09.00 часот било пријавено дека на езерото Треска во Скопје биле опожарени две камп приколки и еден помошен објект. Сопственик на едната приколка е С.З. (44) од Скопје, а на другата се уште не се знае сопственикот. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот како и за висината на материјалната штета.