Филипче најави кривични за Алта банка: Вучиќ падна Мицкоски, истото те чека и тебе

by valentina 10:40
10:40

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, информира дека СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка.

-Организираната криминална група на Христијан Мицкоски сака да го заташка скандалот со Алта банка и да избега од одговорност. Да сокрие сметки, трансакции, потекло на капитал, врските со криминалниот клан на Вучиќ… Да не се дознае кој потпишал и за чии интереси.
Мицкоски и Славески поднесоа пријави против опозицијата затоа што се во паника.
Сега е ред на СДСМ, на вистината и правдата. СДСМ поднесува кривични пријави за влезот на пералницата на пари на Вучиќ, за притисокот, за сметките и трансферите, за парите на граѓаните и јавните претпријатија, напиша Филипче на Фејсбук.

Тој додава дека Мицкоски го копира Вучиќ.

-Вучиќ падна. Истрагите се отвораат. Истото те чека и тебе. Вистината излегува. Бандата ќе одговара, посочи Филипче.

Слични вести