Изгоре пациент во велешката болница

by Фокус

Осумдесет и двегодишен пациент изгоре во болницата во Велес. Според првичните информации, пациентот бил забележан од персоналот како гори пред вратата на тоалетот во болничката соба.

Веднаш интервенирал персоналот и го изгаснал огнот по што пациентот е префрлен на хируршкото одделение на болницата, а потоа е испратен во Градската хируршка болница во Скопје каде што починал.

Засега нема официјална потврда за околностите околу несреќата, ниту пак за идентитетот на пациентот.

 

Поврзани новости