Од двете решенија за изгледот на продавниците во Старата скопска чаршија, за кои е доделена втора и трета награда, ќе се направи комбинација за тоа како ќе изгледаат излозите, а трошоците, како што беше најавено, ќе ги покријат Министерството за економија и Општината Чаир во висина од 100 до 1.000 евра.
Министерството за економија конкурсот за унифицирање на излозите и рекламите во Старата чаршија го распиша на 24 март, годинава, а многуте пријавени идеи беа прифатени само две.
Кога беше објавена идејата за унифициран изглед на дуќаните во Старата чаршија експертите и дуќанџиите беа против нарушувањето на автентичноста и духот на Чаршијата. Сега по објавата на изгледот се очекува нова реакција на еснафот- колку се задовлни и дали че прифатат да им се сменат излозите на продавниците.