Доцна вечерва Собранието со 73 гласа за и 7 воздржани ги усвои измените на Изборниот законик, според кои одредбата изборите да се одржат на 24 април 2016 година се преименува во 5 јуни 2016 година. Согласно измените, Собранието ќе се распушти на 7 април, односно 60 дена пред избори со цел тие да бидат спроведени на 5 јуни.
Претходно, Никола Груевски во обраќањето до јавноста рече дека до петти јуни нема да има никакви проценки за условите во кои ќе се одржат изборите, како и дека нема да има преговори за регулација на медиумите.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев изјави дека одлуката на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за одложување на изборите е уште еден пораз на Никола Груевски, кој ја признал својата лична одговорност дека нема услови за фер и слободни избори на 24 април.