Груевски: До изборите нема да има никакви проценки за условите, ниту преговори за медиуми

by Фокус

Никола Груевски во обраќањето до јавноста рече дека тие прифатиле „мало поместување“ на датумот за изборите не со цел да го задоволлат СДСМ, туку да не оставеле простор да бидат погрешно разбрани од дел од граѓаните и поради вербата во народот. Како што рече Груевски, тој се согласил на новиот датум само затоа што амбасадорите на ЕУ и САД го убедиле во неколку работи.

-Прво, дека ова ќе е единствено пролонгирање, дека до изборите на 5 јуни повеќе нема да има разноразни преговори за изборите бидејќи и тие веруваат дека ДИК има доволно време, дека нема да има никакви нови преговори вклучувајќи го и законот за медиумите и дека нема да има нови проценки, рече Груевски.

Тој порача дека на петти јуни ќе се види кој е вистинскиот победник, а ВМРО ДПМНЕ ќе излезе на избори без разлика дали со СДСМ или без нив.

 

Поврзани новости