Собранието денеска по жестока расправа го усвои Бучетот на Специјалното обвинителство во висина од четири милиони евра. Буџетот беше усвоен со 64 гласа „за“ и со еден воздржан, а парите се обезбедени со релокација на средства од Буџетот. Овие пари ќе бидат наменети за плати и надоместоци, за трошоци за време на постапките, средства за професионална надградба на обвинителите, набавка на стоки и на услуги, итн.
И пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа за Буџетот, но во текот на собраниската расправа зборуваа дека Јанева не дава надеж оти работи нешто. Според нив, специјалната јавна обвинителка „паднала“ на првиот испит кога побарала укинување на притворот за осомничените во „Пуч“, а бараат таа да одговори и како се примени материјалите од Заев, но и за севкупното работење.
Пратеникот Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ побара Катица Јанева да даде отчет за што ќе се трошат парите, додека опзицијата смета дека отчет треба да се бара од министерот за финансии кој го одобрил буџетот, но и од претходните обвинители поради чие „неработење“, се формираше ново – Специјално обвинителство.