Изгаснат пожарот во Богданци, во скопско се гаснат седум пожари

by fokus

Пожарот во Богданци е целосно изгаснат, а противпожарните тимови се повлекуваат од терен, информира ЦУК.

На лице место е оставена дежурна екипа да внимава да не дојде до повторно разгорување.

-Изгорени се приближно над 350 ха нискостеблеста деградирана шума, грмушки и трева. Нема штета на четирите ветерници под кои помина пожарот. Благодарност до храбрите пилоти и пожарникари, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

На територијата на државата во текот на денешниот ден се регистрирани 10 пожари на отворено:

– Општина Велес, с.Сливник 1 (куќа).

– Општина Демир Хисар, с.Сопотница (сува трева и нискостеблесто).

– Општина Струмица, с.Костурино (стрниште, сува трева и гуми).

Во скопско се изгаснати и се уште се гасат седум пожари на отворено:

1) Во Горно Блаце гореше мешана деградирана шума и трева

2) Кај с.Љубош, Студеничани над Батинци гореше деградирана шума и дива депонија

3) Во Волково гори трева, нискостеблеста деградирана шума и ѓубре. Изгоре и еден помошен објект. Пожарот е под контрола.

4) Во Бојане, Сарај гореше шума и трева,

5) Во општина Бутел околу ул. Боца Иванова кон обиколницата гореше сува трева, а изгоре и еден помошен објект.

6) Гореше и депонијата Вардариште.

7) Општина Зелениково, с.Орешани (ѓубре).

Поврзани новости