Изгаснат пожарот кај трафостаницата во Пинтија, скопјани имаат струја

by Fokus

Изгаснат е пожарот што доцна попладнето избувна на стрништето спроти трафостаницата во Пинтија, предизвикувајќи оштетувања на високонапонската инсталација поради што поглемиот дел од Скопје остана без струја.

На местото се противпожарни екипи со две возила кои успеаја да го изгаснат огнот, како и припадници на полицијата.

Од МЕПСО информираа дека напојувањето со електрична енергија било прекинато поради пожарот во близина на трафостаницата за да можат да интервенираат противпожарните единици.

Речиси цело Скопје беше без електрична енергија од 17:15 до 18:00 часот.

 

Поврзани новости