Изетбеговиќ: СДА ќе го блокира формирањето на нова влада на Федерацијата Босна и Херцеговина

by Fokus

Претседателот на Партијата за демократска акција (СДА), Бакир Изетбеговиќ потврди дека нејзините членови ќе го блокираат изборот на новата влада на Федерацијата БиХ, која ќе ја предводи лидерот на СДП, Нермин Никшиќ, кога ќе дојде прашањето на дневен ред.

Во исто време кога лидерот на ХДЗ БиХ, Драган Човиќ најави дека новиот состав на Советот на министри на БиХ ќе стапи на должност следната седмица, а „контурите“ на новата влада на Федерацијата ќе бидат познати за петнаесетина дена. Изетбеговиќ рече дека неговата партија ќе го искористи механизмот за блокирање што го има на располагање доколку СДА ја добие функцијата потпретседател на Федерацијата.

Поврзани новости