Изет Меџити му ја руши дивоградбата на Бујар Османи – Арсовска со мајтап на Фејсбук

by irena 10:30
10:30

„Утрово во организирана акција министерот Изет Меџити, со багерот на Висар Ганиу почна со рушење на незаконските и небезбедни дивоградби низ Чаир. Прва ја сруши дивоградбата на Бујар Османи која Изет изјави дека лично му ја легализирал. Продолжи со багерот накај 12 катниците што крадат вода и струја, градени со перени пари“.

Ова меѓу другото утринава на Фејсбук го напиша скопската градоначалничка Данела Арсовска.

Таа продолжи со мајтапењето, на вели: „Потоа МВР координирана од Владата, во акција со своите специјални единици ги уапси криминалците од ДУИ и Заев“.

„И во тој момент се разбудив. Сѐ можат, само за криминалот на Висар Ганиу не смеат да писнат. Македонија повторно горда“ стои во објавата на Арсовска.

Слични вести