413
На вчерашниот референдум гласале 666.743 граѓани или 36,91 од вкупно запишаните во Избирачкиот список, соопшти ДИК по преброени 100 отсто од избирачките места.
На референдумското прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“, „за“ гласале 91,46 проценти, или 609.813 граѓани, а „против“ се изјасниле 5,65 отсто или 37.700. Неважечки се 2,89 проценти.
ДИК попладнево на прес-конференција ќе ги соопшти првите официјални резултати.