Новинарите кои пред речиси два месеци беа избркани од днавниот весник „Вест“ како технолошки вишок, денеска влегоа во канцеларијата на Срџан Ќерим за да си ја побараат ветената отпремнина која им доцни.
-Прашањето до најбогатиот човек во Македонија, прогласен според Форбс и претендентот да стане генерален секретар на Обединетите Нации, Срѓан Керим, е зошто ни доцнат отпремнините месец и половина и дали воопшто имаат намера да ни ги исплатат? Да биде нашата несреќа поголема, вчера, на вработените во Медиа принт Македонија им е соопштено дека од денеска ќе бидат вработени во Телеграф.мк бидејќи Медиа принт Македонија е заглавена до гуша, односно има долг од еден милион и осумстотини илјади евра, што значи дека постепено ќе почне постапката на нејзино згаснување. Нашиот страв е дека ќе бидеме изиграни и дека парите што ни следуваат нема да ни ги дадат, ќе ни ги скратат, или како што народот вели, ќе бидеме ограбени, изјави Жане Велкова, една од отпуштените.