102
Триесет хонорарци се избркани од Младинскиот културен центар во Скопје.
Тоа, како што објави СКД, значи дека во МКЦ повеќе нема да се ангажираат лица за предавања во Планетариумот, лица за реализација на програмските активности (технички лица и орагнизатори на настани), кафулето е целосно затворено, затворена е и продавницата „Апотека“, додека киното Милениум ќе работи со преполовена дејност.
Одлуката е донесена од новиот директор на МКЦ, Арбен-Бени Шаќири, кој на оваа функција дојде на 22 јануари, назначен од градоначалничката Данела Арсовска.