Избрани новите директори на УБК и БЈБ, нивните имиња ќе бидат соопштени на седница на влада

by fokus

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изјави дека е одлучено кои ќе бидат новите директори на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), меѓутоа нивните имиња ќе останат во тајност до седницата на влада на која треба да ги предложи.

Спасовски ова денеска го потврди на прес-конференцијата по повод потпишувањето договор за донација од повеќе од еден милион евра со амбасадорот на Чешка во Македонија, Мирослав Рамеш.

„Имам донесено одлука и ќе ја доставам на седница на влада кога ќе мислам дека треба да бидат избрани“, рече Спасовски.

Инаку, како што потврди и самиот, седница на владата е закажана за денеска, но не одговори конкретно дали ќе ги предложи новите директори уште денеска.

Пред именувањето на новите директори, владата треба да го разреши актуелниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, и на БЈБ, Митко Чавков.

Поврзани новости