Избрани министрите на СДСМ

by Фокус

Министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски и за труд и социјала Фросина Ременски беа изгласани од 101 пратеник за новите позиции. Наспроти нив, новата министерка за информатика на местото на Иво Ивановски која е од редовите на ВМРО ДПМНЕ беше избрана со 70-тина гласови, што значи дека пратениците на опозицијата не гласаа за неа.

frosina_remenski_press

На тоа со извици на негодување реагираа пратениците на власта. Зошто опозицијата не гласа за нивниот министер кога тие гласаат за опозициските? Но опозициските министри се дел од Договорот од Пржино за разлика од министерката Марта Арсовска Томовска.

Во тек е дискусијата за заменици министри. СДСМ ќе има тројца, во земјоделие, финансии и информатика. ВМРО ДПМНЕ во труд и социјала и МВР.

Поврзани новости