Членовите на ДИК денеска го избраа Добре Јанчев за нов генерален секретар на Државната изборна комисија. Јанчев е и досегашен вработен во Државната изборна комисија и е еден од првите меѓународно акредитирани обучувачи за избори. На јавниот повик за генерален секретар на ДИК се пријавиле 13 кандидати.
Членовите на ДИК подолго време не можеле да се договорат за изборот, бидејќи меѓу тројцата најдобро рангирани кандидати немало Албанец, а наводно на последната лидерска средба било договорено генералниот секретар да биде Албанец.
Прва задача на комплетираната ДИК ќе биде прочистувањето на Избирачниот список. Правилникот за методологијата за ажурирање на избирачкиот список со вкрстувањето на базите на податоци на гласачите и теренската проверка веќе е подготвен.