Изборот на Коцевски за нов републички обвинител закажан за во среда

by fokus

На собраниската седница закажана за во среда (7 февруари) на дневен ред е ставен и изборот на нов републички јавен обвинител.

Владата уште пред десетина дена го достави својот предлог, обвинителот Љупчо Коцевски да го замени досегашниот републички јавен обвинител Љубомир Јовески, а сега на потег се пратениците.

Неодамна само Коцевски го помина филтерот на Советот на јавните обвинители, односно доби позитивно мислење, а трката запре за обвинителките Фатиме Фетаи и Лидија Раичевиќ.

Кандидатот Коцевски е познат меѓу своите колеги, но неговото име е непознато за пошироката јавност. Се знае само дека обвинителот е со долгогодишна кариера и е веќе пред пензија.

Тој во адвакатурата бил 16 години, а во 2008 година бил избран за виш јавен обвинител во Гостивар. Пред повеќе од две години е унапреден и станува еден од десетмината обвинители во републичкото обвинителство.

Во досегашната обвинителска историја на државата, на чело на државното обвинителство секогаш стоел маж, и тоа вкупно осум на број.

Валентина Вурмо

Поврзани новости