Изборниот колегиум ја потврди победата на Бајден

by Фокус

Изборниот колегиум ја потврди победата на Џо Бајден на претседателските избори во САД, давајќи му мнозинство од своите гласови.

Победата на Бајден беше зацементирана со гласањето на изборниот колегиум во Калифорнија, кој дава најмногу гласови од сите американски сојузни држави (55), овозможувајќи му да го надмине потребниот праг од 270 гласови.

Поточно, Бајден и Камала Харис имаат собрано 302 електорски гласови, 70 повеќе од Доналд Трамп.

Откако ќе заврши гласањето и во Хаваи, останува Конгресот и формално да ги прифати резултатите на 6 јануари.

На национално ниво, Бајден освои седум милиони гласови повеќе од Трамп.

Поврзани новости