365
Партиите, коалициите и независните кандидати денеска со митинзи и средби со граѓани ја продолжуваат изборната кампања.
Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе почне со средби со граѓани во Чешиново Облешево и Зрновце, а митинзи ќе одржи во Виница и Кочани.
Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи средби со граѓани во Ранковце и Старо Нагоричане и митинзи во Кратово, Пробиштип и Крива Паланка.
Демократската унија за интеграција ќе има средба со граѓани во Дебарски бањи, а пак Движењето „БЕСА“ организира средби со граѓани во Дебар.
Кампањата за првиот изборен круг ќе заврши на 13 октомври во 24 часот.