Савана организира изложба на 100 најуспешни фотографии, кои можат да се откупат, а парите ќе бидат донирани во СОС Детско село

by Фокус

Туристичката агенција „Савана“ по повод 25 години постоење САВАНА СПОМЕНИ организира голема завршна изложба со награден конкурс – избор на 100 најуспешни фотографии. Настанот ќе се одржи на 6 ноември, во петок во хотел Континентал од 19:30 до 21:30 часот.

Изложбата има и хуманитарен карактер, па сите 100 најуспешни фотографии од наградниот конкурс ќе бидат изложени и понудени на аукција, а истите ќе можат да се откупат по почетна цена од 1.000 денари. Фотографиите ќе можат да се откупат почнувајќи од 26 октомври. Парите кои ќе бидат соберени ќе се донираат во СОС Детското село.

 

Поврзани новости